Јужна Африка рутински си ја одработи својата задача и забележа победа против Намибија од 57-3. Намибија ги постигна единствените поени во првиот дел од пенал, а нивните противници успеаја да постигнат дури девет есеја. Прв пат на ова СП е помината границата од 50 постигнати поени од страна на еден тим. Есеите за Јужна Африка ги постигнаа: Мбонамби (2), Мапимби (2), Лоу, Ам, Гелант, Колиси и Бритс.
Ова беше прва победа за Јужна Африка откако во првото коло беше поразена од Нов Зеланд, додека Намибија го забележа и вториот убедлив пораз.



