Откако минатото СП, Јапонците ја совладаа Јужна Африка предизвикувајќи супер-сензација, денес пред своите навивачи одлично се покажаа против силната Ирска и славеа со 19-12. Ирците во првото полувреме имаа контрола на ситуацијата и постигнаа два есеја. На полувремето заминаа со предност од 9-12. Во второто полувреме видовме многу малку поени. Јапонците, преку Фукуока, постигнаа есеј и со успешната конверзија на Тамура заминаа на четири поени предност. Ирците се обидуваа да ја анулираат предноста, но во 71. минута, Тамура од пенал само им ја отежна работата на противниците кои во второто полувреме не постигна ниту еден поен. Со оваа победа, домаќините избија на првата позиција во групата А, а Ирска падна на второто место.



