Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската женска селекција во сабота (28.09.2019) во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје, ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против селекцијата на Чешка.
Да дадеме поддршка на нашата репрезентација, натпреварот почнува од 18:00 часот, влез слободен.



