Велс и Грузија го отворија своето првенство на „Тојота Стадиум” пред повеќе од 35 000 гледачи. Според најновата рагби ранг-листа, Велс се наоѓа на петтата позиција во светот и важеше како фаворит пред овој дуел. „Црвените” доминантно ја оправдаа фаворитската улога уште во првото полувреме кога стекнаа предност од 29-0 преку четирите полагања и еден пенал. Мамукашвили со есејот во првите три минути од второто полувреме им даде надеж на Грузијците кои на крајот сепак попуштија и изгубија со 43-14.



