Ирска и Шкотска по втор пат се сретнаа на светските првенства откако во првиот дуел славела Шкотска со 24-15 во октомври 1991. Денес, Ирците влегоа како фаворити во овој дуел и ја оправдаа својата фаворитска улога уште во првиот дел кога за неполни 30 минути постигнаа три есеја преку Рајан, Бест и Фурлонг и стекнаа предност од 19-3 на полувреме. Во вториот дел успеаја само да ја зголемат предноста со есејот на Конвеј и пеналот на Карти. Крајниот резултат изнесуваше 27-3.



