Италија на очекуван начин ја совлада селекцијата на Намибија во натпреварот со најмногу поени во досегашниот тек на првенството. Иако Намибија со есеј во шестата минута го отвори натпреварот, Италија успеа да се консолидира и да направи серија од 35-0. Серијата ја прекина Лубсер со погодок од пенал во 50. минута за шест минути подоцна Грејлинг да го постигне и вториот есеј за Намибија. До крајот, Италијанците постигнаа уште две полагања, а Намибија со есејот на 21-годишниот Плато го постави конечниот резултат од 47-22. Интересно е што Италија постигна вкупно седум полагања од кои едното беше казнето полагање, а другите шест беа дело на шест различни играчи – Алан, Тебалди, Падовани, Кана, Поледри и Миноци.



