Дуелот помеѓу Нов Зеланд и ЈАР беше закитен со епитетот „дерби на првенството”. Не беше залудно ставен овој епитет. Овие две екипи ги завземаа првото и третото место на минатото СП, а оваа година важат за најголеми фаворити.
На „Нисан Стадиум” во Јокохама гледавме доста цврст, но и возбудлив натпревар. По првите 40 минути, Нов Зеланд имаше предност од 17-3, што ја доби преку двете полагања од Џорџ Бриџ и Скот Берет како и од двата пенали. На самиот старт на второто полувреме, ЈАР преку Ду Туат постигна есеј и го однесе натпреварот во неизвесна фаза. Сепак во продолжение, на сцена стапија одбраните кои дозволија само еден дроп-гол на ЈАР и два пенали за Нов Зеланд. „Ол Блекс” славеа со 23-13.



