Ви кипарското дерби Аек Ларнака одигра ефикасно реми против Омонија со краен резултат од 2:2. Централна фигура на овој меч беше македонскиот репрезентативен напаѓач Иван Тричковски кој ги постигна двата погодоци за својата екипа.
Најпрвин во 10. минута Тричковски не реализира удар од белата точка, но затоа се поправи во 40. минута кога од пенал го отвори резултатот на 1:0. Во понатамошниот тек на натпреварот дојдоа до пресврт со головите на Кристофи и Гомез, но тука не завршија возбудувањата затоа што во 98. минута повторно имаше пенал за домаќините кој успешно го реализира Тричковски за 2:2 и поделба на бодовите. По само два одиграни натпревари за Аек, Тричковски има дури четири погодици во првенството и е прв на листата на стрелци.
Видео: Иван Тричковски не го реализра ударот од белата точка во 10. минута
Видео: Аек Ларнака 1:0 Омонија стрелец Иван Тричковски 40. минута
Видео: Аек Ларнака 2:2 Омонија стрелец Иван Тричковски 98. минута



