Денеска во Битола беше одржана првата градска улична трка под називот ,,Трчај Бе”. Помеѓу учесниците имаше доста познати личности и квалитетни атлетичари, како во машка така и во женска конкуренција.
На трката на 5 километри во машка конкуренција победи домашниот натпреварувач – Кристиан Стојани со време од 16:44 пред Наум Танески и Григоријан Никовски. На истата трка, кај жените, најбрзи беа Милјана Ристич, Виолета Ивановиќ и Марија Пеликон.
Најголем број од македонските тркачи на долги патеки трчаа на трката на 10 километри. Во машка конкуренција, победник беше Кокан Ајановски кој делницата ја истрча за 33:45. На подиумот се најдоа и Атанас Анчевски и Димитар Петровски.
Новинарот на ,,Јави се јужна” – Атанас Епов се најде на солидното седмо место со време од 38:19 и го даде својот придонес во промоција на овој спортски настан. Кај жените на 10 километри победи Теодора Симовиќ пред Адријана Поп-Арсова и Билјана Кираџиева.
Фото: Трчај Бе



