Доминатната Шпанија е нов светски владател во кошарка по одиграниот Мундобаскет во Кина каде што во финалето триумфираа над инфериорната Аргентија со убедлива победа од 20 коша разлика, односно со 95:75.
Се очекуваше многу понеизвесно финале, но Аргентина изгледаше тотално немоќно во битката за златото, каде што беа потрошени од претходните средби и емотивно и физички и ништо не функционираше во составот на ,,Гаучосите”.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше одличниот Рики Рубио кој оствари учинок од 20 поени, а во чекор го следеа Серхио Љуљ со 15 и Марк Гасол со 14 поени. Во составот на Аргентина единствен кој беше на висина на задачата беше Габриел Дек со 24 постигнати поени. За МВП на првенството е прогласен сосема заслужено Рики Рубио.



