Европскиот првак Вардар на најдобар начин ја започна одбраната на шампионската титула во најелитното ракометно клупско натпреварување Лигата на шампионите. На тешкото гостување во Франција против домашната екипа на Монпелје ,,Црвено-црните” забележеаа стартна победа од 31:33 на полувреме македонкиот преставник имаше еден гол негатива.
Најзаслужни за победата освен колективниот придонес се истакнаа Скубе со 7, Дибиров со 6 и Шишкарев со по 5 постигнати гола. Во поразената екипа се истакнаа Порт со 7 гола, а Симонет и Дескат двајцата завршија со по 5 постигнати гола.



