Минатата сезона Данди ФК излезе од шкотската прва лига и повторно се најде во иста дивизија со лутиот градски ривал – Данди Јунајтед.
Уште во четвртото коло од новата сезона се сретнаа овие две екипи. На преполниот „Тенадис Парк” имаше неверојатна атмосфера, а натпреварот ни пружи дополнителен спектакл. Видовме дури осум голови, а резултатот беше 6-2 во корист на Данди Јунајтед.
Најпрво во 14. минута Батчер постигна погодок, но тоа не беше првиот гол на мечот бидејќи неколку минути порано, на гостите им беше поништен чист погодок. Во 22. минута Хемингс израмни на 1-1. Од 33. до 40. минута, Данди Јунајтед заби три погодоци, а самошто почна второто полувреме заби уште еден и веќе во 46. минута резултатот беше 5-1. До крајот паднаа уште два гола – најпрво Нелсон намали на 5-2, а во 83. минута Смит го постави конечниот резултат од 6-2.
Оваа беше четвртата победа на Данди Јунајтед во првите четири кола, а првиот пораз на Данди ФК. Јунајтед се наоѓа очекувано на првата позиција, а Данди ФК падна на шестата.



