Само еден ден откако Бери доживеа исфрлување од професионалниот англиски фудбал, ни дојде една добра вест. Имено, Болтон успеа да ја избегне судбината што го снајде тимот од своето соседство.
Откако на „Вондерерс” им беа дадени дополнителни 14 дена за финансиски да се осигурат, тие тоа го искористија на најдобар можен начин.
Успеаја да најдат нов сопственик, а тоа ќе биде фирмата „Фудбал Вентурс”.
Од таборот на оваа фирма изјавија: „Возбудени сме што ќе ја започнеме реконструкцијата на овој прекрасен фудбалски клуб да дојде до позицијата што му доликува, осигурувајќи ја иднината на навивачите, верните вработени во клубот и играчите.”
Во изјавата на Болтон е наведено дека во најскоро време ќе се доведат нови играчи како појачувања и нов тренер, а посебна благодарност беше упатена до верните навивачи.



