Во 18. коло од исландската Пепсидеилд лига се сретнаа екипите на Валур и Стјарнан. Минатата сезона овој натпревар беше едно од главните дербија имајќи во предвид дека Валур беше шампион, а Стјарнан ја завзема третата позиција. Оваа сезона екипите се наоѓаат неколку позиции подоле на табелата, но сепак проследивме интересен дуел во Рејкјавик.
Домаќините одлично го отворија натпреварот со неколку одлични шанси на почетокот, а веќе во 7. минута имаа предност благодарение на Данецот Патрик Педерсен кој го постигна седмиот гол на својот седми натпревар оваа сезона.
Веќе во 28. минута резултатот беше 1-1 откако за Стјарнан, од 20-тина метри прецизно биеше Хилмар Халдорсон кој со овој гол се израмни на првото место на листата на стрелците со Томас Микелсен од Бреидаблик со 11 постигнати погодоци.
Во 57. минута преку Гудбјаргарсон, Стјарнан стигна до целосен пресврт, а Педерсен со својот втор погодок на овој меч го постави конечниот резултат од 2-2.
И двете екипи се искачија по една односно две позиции на табелата со ова реми. Стјарнан моментално е на третото, а Валур на петтото место.
Уште два натпревари беа одиграни денес – Хафнарфјордур на домашен терен загуби со 2-4 од Бреидаблик, а Филкир успеа да стигне до важни три поени во битката за опстанок откако го совлада Копавогур со 3-2.



