Грузијскиот плејмејкер во дресот на Металург, Иракли Кбилашвили е прогласен за најкорисен ракометар (МВП) на турнирот во Кањижа. Победник на турнирот во Кањижа е екипата на Нексе, која во финалето ја совлада екипата на Рамат Хашрон, со резултат 32:28 (17:16).
Металург, со победата против тимот на Партизан 28:23, го освои третото место на овој турнир.



