Во рамките на Прва МФЛ во третото коло дебитантот во ова натпреварување тимот на Струга Трим Лум го совлада кратовски Силекс со 2:1 со погодоците на Христијан Кировски фудбалерот кој е добро познат на нашата фудбалска сцена.
Стружани се вистински хит во првенството и имаат максимален учинок на домашен терен и од два натпревари во Струга имаат исто толку победи и се позиционираат на третата позиција на првенствената табела. Голот за Силекс го постигна Грозданоски.



