Македонската репрезентација до 18 години, предводена од селекторот Шкумбин Арслани, го освои третото место на 26-тото издание на силниот меѓународен турнир ,,Вацлав Јежек” во Чешка, каде освен нашата и домашната селекција учествуваа: Украина, Словачка, Летонија и Унгарија.
Во мечот за трето место македонските надежи ја совладаа Унгарија со убедливи 3:0. Стрелци во нашиот победнички табор беа Иван Николов, Бетим Фета и Влада Новески кој ги постави конечните 3:0 уште по одиграното прво полувреме.
извор и фото: ffm.mk



