Спортскиот директор на Рома, Андреа Петрачи го обнови договорот со првиот шпиц во тимот, Един Џеко до 2022 година, но неговите ветувања дека ќе најде замена за Манолас кој направи трансфер во Наполи, сеуште нема.
Се преговараше со Дејан Ловрен и Шкондран Мустафи, но ниту на Ливерпул ниту на Арсенал понудата за нивните стопери не им беше доволна висока и квалитетна за да се решат за зделка со Рома. Навивачите на римскиот клуб се бесни на спортскиот директор и неговата досегашна работа.



