Кристијано Роналдо е ден од најдобрите фудбалери на денешницава, а неговата слава и моќ ја достигна со талентот кој го поседуваше, а посебно со напорната работа и труд. Роналдо за таа цел го одведе својот син на местото каде пораснал и каде што го поминал своето детство.
Целта на фудбалерот била да му покаже на синот дека славата и парите не доаѓаат преку ноќ и дека треба да се вложи многу труд и упорност до таа цел. Роналдо потекнува од Мадеира, а во тој град сега е веќе туристичка атракција се поради славата на португалецот.
Кога го прошетал и запознал на својот син со местото и луѓето од детството и собата во која спиел, синот го запрашал запрепастено на својот татко: ,,Дали навистина на тоа место престојувал и живеел како дете”.



