Синоќа, неочекувано добивме изјава лично од ѕвездата на Индијанаполис Колтс – Ендру Лак дека одлучил да се пензионира од својата НФЛ кариера алудирајќи дека тоа била најтешката одлука во неговиот живот.
Лак беше прв пик на драфтот во 2012 година и целата своја професионална кариера ја помина во Индијанаполис. Американецот е помеѓу најдобрите тројца играчи за најмногу постигнати тачдауни и освоени јарди со додавање во првите шест сезони во НФЛ (имајќи во предвид дека Лак заради повреда не играше во 2017).
Вкупно има 23 671 јарди со додавање, 171 тачдауни со додавање, 4 пати беше дел од Про Бол (2012,2013,2014 и 2018), а во 2018 ја доби и наградата за Камбек играч на годината.
Тој е осми играч на ранг-листата по бројот на натпревари со постигнат тачдаун во низа – 34.



