Денеска заврши Охридскиот пливачки маратон во должина од 25 километри, а е дел од ултра серијата маратони на ФИНА. Победник на овогодинешното издание е французинот Аксел Рејмонд со време од 5 часа, 20 минути и 55 секунди, додека со заостанување од 8 секунди зад победникот заврши Евгениј Поп Ацев, а како трет на пиедесталот заврши италијанецот Франческо Џетини.
Второто место на македонскиот маратонец Поп Ацев му е сосема доволно да ја заземе првата позиција на светката листа на ФИНА. Во женска конкуренција, победничка на Охридскиот пливачки маратон е Италијанката Аличе Франко која имаше време од 5 часа, 41 минута и 15 секунди.



