РК Охрид ќе игра финале на ракометниот турнир во Тузла, откако во полуфиналето со 31-30 (полувреме 17-16) славеше над домаќинот Слобода. Најефикасни во тимот на Охрид беа Блажески со 7 голови, а го следеа Цителишвили и Крсте Андоновски со 6. Орошази од Унгарија од 18 часот ќе биде противникот во финалето против тимот на Охрид, откако славеше против Металопластика со 30-27.



