Не очекува 33-тото издание на силниот меѓународен атлетски маратон, а градот домаќин Охрид е веќе подготвен. Големиот спортски настан ќе се случи на 8-ми септември со почеток од 09.00 часот. Охридскиот Меѓународен Атлетски Маратон е настан со 33 годишна традиција, а бројот на учесници од година во година постепено се зголемувал.
Се започнува во далечната 1976-та година кога кај еден млад атлетичар се јавува идеја за организирање маратон чиј старт ќе биде во Св. Наум, а ќе се трча до центарот на Охрид. Кога им кажал за својата замисла, атлетичарот се соочил со голема недоверба и исмејување од страна на неговите ментори.
Меѓутоа тоа не го спречило ова младо момче да ја оствари својата замисла. Поради неговата упорност, тогашното здружение СОФКА, одлучува да го организира настанот и објавува конкурс на кој се пријавуваат вкупно 4-ца учесници. Сепак настанот денес добива нов лик и е реномиран меѓународен спортски настан.



