Екипата на Дерби Каунти го забележа првиот пораз во новата сезона, а воедно и првиот пораз со новиот тренер – Филип Коку.
„Овните” на домашен терен загубија од Бристол Сити со 2-1. Првиот гол на Бристол падна во 16. минута, а беше дело на двајца поранешни фудбалери на Дерби – Кејси Палмер како асистент и Андреас Вајман како стрелец на водечкиот погодок. Во судиското продолжение од првото полувреме Браунхил ја зголеми предноста на гостите на 2-0.
До крајот, Дерби само успеа да ја преполови предноста преку одличниот погодок на Џек Мериот.
Останатите резултати од денешните натпревари во Чемпионшип:
Бирмингем 2-0 Барнсли
Хал 0-1 Блекбурн
Мидлсброу 1-0 Виган
Шефилд Венсдеј 1-0 Лутон



