Синоќа во Радожда беше промовиран романот “Пеколот на ангелот” од современата македонска писателка Славица Шајноска од Радожда.
Станува збор за првенец-роман на младата Шајноска која го има неспорниот талент и голема дарба за пишување, преточен веќе во нејзиниот првенец роман “Пеколот на ангелот”. Роман во кој лубовта е лајтмотив на младата писателка, но, вешто испреплетен со социјална димензија што го чини романот лесно читлив и ја доловува сегашноста од нашето живеење, пред се на младите. Роман, што се чита во еден здив, роман што ќе стане семејна книга и лектира за сите генерации, со силна нишка дека дека секој чекор на младите низ нивниот живот за подобро утре е исполнет со многу предизвици.
И двајцата промотори на книгата, поетот Митре Мангоски Радождански и новинарот Наум С. Кутаноски, и двајцата од Радожда, недвојбено го потврдија силниот талент на младата писателка Славица Шајноска, со силен впечаток дека станува збор за извонреден талент за пишување и дека пред Славица Шајноска патиштата на прозното остварување и творење си ширум отворени.
“Славица Шајноска има силна и вродена дарба за пишување, што го потврдува со овој нејзин првенец, но, и енергично го прифатила предизвикот за натамошно творење со силна желба дека прозното творешто ќе биде нејзин постојан животен предизвик” , речиси идентично и едногласно порачаа на промоцијата промоторите Мангоски и Кутаноски.
“Славица Шајноска од денес, со вој нејзин роман веќе влегува во редот на младите и надежни македонски писатели пред која претстои светла литературна иднина” – истакнаа промоторите Митре Мангоски Радождански и Наум С. Кутаноски.
Славица Жарко Шајноска од Радожда, на денот на промоцијата, 16.08.2019 година, влезе во полнолетство, ученичка е во средното училиште “Нико Нестор“во Струга и нејзина животна желба е по завршувањето на средното образование нејзиниот избор во понатамошното школување да биде близок до литературното трворештво што ќе и овозможи и помогне да го продолжи нејзиниот творечки писателки животен пат.
Извор: facebook Naum Kutanoski



