Синоќа на Струшкиот турнир се одигра ревијален натпревар меѓу ветераните на Македонија и ветераните на Струга. Пред почетокот на мечот Претседателот на Управниот Одбор на Струшки турнир, Наумче Мојсовски соопшти дека ракометното игралиште покрај “Женска плажа” во иднина ќе го носи името на , Горан Попоски – Бабец. “Горан Попоски – Бабец е една од најголемите легенди на РК Струга, кој има одиграно најмногу натпревари во дресот Ракометниот клуб Струга. Беше бестрашен пивотмен во бивша Југославија кога на ракометните терени играа големи ракометни имиња како Вукович, Рниќ,… Можеше да игра за кој било голем клуб во тогашната силна лига на Југославија. Беше младински и сениорски репрезентативец и еден од најдобрите стрелци во историјата на РК Струга. Горан Попоски – Бабец долги години успешно го водеше РК Струга и од позиција Претседател на РК Струга. Малку се зборовите со кои може да се опише таква легенда како што беше тој.”



