Една од најпознатите спортски програми во регионот, Спорт Клуб, од денес започна со пренос на првата исландска фудбалска лига позната како Пепси-деилд. Името на лигата потекнува од спонзорството на познатата компанија за освежителни пијалаци – Пепси. Лигата брои 22 екипи, а минатогодишниот шампион беше Валур – тим што по 22. пат стигна до титулата.
Првиот натпревар што беше пренесуван на Спорт Клуб го одиграа екипите на Филкир и Гриндавик. И двете екипи моментално се борат за опстанок. Натпреварот се играше на „Филкисволур” во Арбер, источно предградие на Рејкјавик.
Првиот гол падна уште во 4. минута, а стрелец беше Кастилион од пенал. Во 16. минута, дефанзивецот на домашните – Јонсон, ја дуплира предноста на својот тим и со резултат од 2-0 екипите заминаа на пауза.
Конечниот резултат од 2-1 го постави Рунарсон во 93. минута.
Филкир со оваа победа се искачи на осмата позиција и има пет поени предност во однос на Гриндавик кој е првиот тим што се наоѓа во „црвената зона”.



