Трката за големата награда на Белгија ќе биде првата трка во која Александер Албон ќе вози болид на Ред Бул. Англичанецот со тајландско потекло претходно беше член на Торо Росо, а до крајот на сезоната ќе биде во Ред Бул како замена за Пјер Гасли којшто е вратен назад во Торо Росо.
Оваа рокада ќе им овозможи на членовите на Ред Бул да ги анализираат квалитетите и на Албон за конечно да го потврдат вториот возач за наредната сезона.
Албон моментално се наоѓа на 15. позиција во генералниот пласман со освоени 16 поени. Најдобар пласман му е шестото место на трката во Германија пред 2 недели.



