Вардар триумфираше на првиот турнир на кој настапува во новата сезона – во Требиње, а покрај победничкиот на тимот, во Скопје доаѓаат и две индивидуални награди, оние на Тимур Дибиров за најдобар стрелец и најдобар играч. Вардар во финалето ја победи Металопластика со 34-28 (17-14). Во дуел на два европски прваци, Вардар актуелен, а Металопластика од пред 33 години, за „црвено-црните” немаше проблем. Играа колку што им требаше за комфорна победа, и за првиот сезонски трофеј. Ги искористивме „петте минути” што ги имавме и секогаш кога требаше правевме разлика што ни носеше повисока гол разлика.Тимур Дибиров доби две признаија, за најдобар играч и најдобар стрелец. За најдобар голман е прогласен Тодор Јандриќ од Металопластика, а пехарот за фер-плеј го доби тимот на Борац Бања Лука.Третото место на турнирот го освои тимот на Бутан Плин од Изола чии ракометари го победија Борац Бања Лука со 26-25. Петти е тимот на Извиѓач од Љубишки, а шесто е Леотар.
Финале на турнирот во Требиње
Вардар – Металопластика 32-28 (17-14)
ВАРДАР: Кукуловски, Димитриоски, Гашовски, Криштопанс 6, Пелко 1, Дисингер 2, Атман 1, Скубе 3, Чупиќ 6, Калифа, Дибиров 3, Горпишин 3, Горбок 4.



