Тимот на Пролетер кој ќе го отвори турнирот против домаќинот Струга во своите редови го има фантастичниот Момир Рниќ. Ракометарот со огромно искуство во Бундес-лигата каде го носеше дресот на Гепинген, Мелзуген и Рајн Некар, минатата сезона се врати во матичниот клуб Пролетер. Момир Рниќ има освоено и сребрен медал со Србија на ЕП 2012 година. Стружани ќе може да уживаат во мајсториите на Рниќ на отвореното игралиште на Женска плажа уште во среда од 18:30 часот.



