Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години вечерва загуби против фаворитот Данска со 26-29 (полувреме 11-13) на СП за кадети кое се игра во Скопје. Мартин Серафимов со 9 погодоци беше најдобар стрелец во редовите на Македонија, а го следеше Ненад Костески со 6 погодоци.



