Започна новата сезона во Премиер лигата и веднаш дерби меч помеѓу големите гиганти Манчестер Јунајтед и Челзи и нивните менаџери кои се легендарни фудбалери Оле Гунар Солскјер и Франк Лампард.
Почетокот на натпреварот помина во израмнета борба со шанси на двете страни, а нереализираните шанси на Абрахам и Емерсон кои место во мрежата ја погодија рамката на голот на Де Геа беа казнети во текот на мечот, а крајниот резултат на семафорот заврши со 4:0 во корист на ,,Црвените ѓаволи”.
Првиот дел заврши со гол предност за домаќините со погодокот во 18. минута од пенал на Маркус Рашфорд кој претходно сам го изнуди во дуел со индиспонираниот денеска дефанзивец Курт Зума.
Во второто полувреме проработе и вториот напаѓач каде што на асистенција на Переира, французинот Ентони Марсијал зголеми на 2:0. Пол Погба имаше одлична претстава на средината на теренот и до крајот на мечот имаше две асистенции за гол.
Најпрвин го проигра Рашфорд во 67. минута за 3:0, а во 81 минута му помогна на новото засилување Даниел Џејмс да го запише својот дебитантски гол за Манчестер Јунајтед и да ги постави конечните 4:0.



