Трката за големата награда на Австрија очекувано ни донесе возбудлива трка. Имено, по четрвти пат во низа на оваа патека славеше мотор на Дукати. Андреа Довициозо со претекнување во последната кривина успеа да го победи Марк Маркез и да ја донесе третата победа на Дукати сезонава. На третото место се најде одличниот новајлија – Фабио Квартараро.
Во Мото 2, Дарен Биндер победнички ја помина целта пред Алекс Маркез и Хорхе Наваро, а во Мото 3, после две години славеше Романо Фенати. На подиумот зад себе ги остави Тони Арболино и Џон МекФи кој само за 8 илјадинки беше побрз од Челестино Виети.



