Елиф Елмаз направи голем трансфер летово и од тимот на Фенербахче премина во калчолигашот Наполи каде што ментор му е Карло Анчелоти. Дека се работи за извонреден квалитет и талент покажува и фактот што Елмас доби првотимски статус веднаш при пристигнувањето во тимот и првите предсезонски пријателски натпревари.
Наполи одигра двомеч во Сад против гигантот Барселона на кои што заработи два порази, а посебно е висок вториот контролен меч каде што каталонците триумфираа со 4:0. И на оваа средба Елмаз започна во почетниот состав, а веднаш по неговото излегување од игра, Барселона ги постигна сите четири гола.



