Македонскиот репрезентативен напаѓач Александар Трајковски неодамна од Палермо премина во новиот шпански прволигаш Мајорка, а својот деби настап го имаше на дуелот против Леванте и репрезентативниот соиграч, Енис Барди.
Трајковски иако нема одработено многу тренинзи со новите колеги сепак доби шанса за настап во второто полувреме но ниту самиот тој со својот придонес не успеа да помогне да се избегне поразот од поквалитетниот Примера тим.
На спротивната страна значајна улога на средината на теренот имаше Енис Барди и деби настапот на колегата од репрезентацијата му го честита со пораз. Погодоците за пресврт и победа на Леванте ги постигнаа Леон и Мајорал.



