Тимот на ФК Струга Трим Љум за прв пат во историјата се натпреварува во најдобрата македонска фудбалска лига и на својот деби настап на свој терен во Струга го порази квалитетниот состав на Работнички кој долги години не претставува на европската фудбалска сцена.
Први во водство беа гостите од Скопје кој во 7. минута преку Иван Марковиќ го отворија резултатот додека на полувреме нерешениот резултат на 1:1 го постави Мустафов во 22. минута. Историскиот триумф на стружани го донесе Нијаз Лена со голот постигнат во 60. минута.



