Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува со голгетерското шоу во дресот на кипарскиот тим АЕК Ларнака во УЕФА Европа Лигата.
Овој пат Тричковски ја затресе мрежата на белгискиот гигант Гент, откако минатата недела му даде четири гола на Левски нагости.
Натпреварот во Кипар заврши без победник, 1:1 а Тричковски го спаси од пораз неговиот тим со прекрасен гол со глава во 88 минута.



