Преубавото Охридското езеро се најде на листата на The Guardian на 20 најдобри езера во Европа кои мораат да се посетат.
“Прекрасното Охридско езеро се наоѓа на границата помеѓу Северна Македонија и Албанија. Можете да престојувате во Охрид и да уживате во прошетките во стариот дел од градот, да ги погледнете црквите кои ги има во голем број, да прошетате со брод до Свети Наум, место сместено во прекрасно зеленило каде што слободно шетаат пауни. Навечер, седнете покрај езерото со пијалок или храна(по многу разумни цени), уживајќи во сценографијата, гледајќи во лебедите. Многу едноставно се стигнува до таму – има дирекна линија од Виз Ер од аеродромот во Лутон до аеродромот во Охрид”




