“LiveWire” се пали со едноставно вртење на рачката за гас, а благодарение на оптимизираниот центар на гравитација, крутата алуминиумска рамка и прилагодливото врзување има врвна управливост.
Благодарение на единствените возни карактеристики и резервната енергија за 235 километри меѓу две полнења, овој мотор е идеален за градска средина.
Овој “Harley-Davidson” е опремен со DC технолгија за брзо полнење, па батеријата од 0-80 проценти се полни за 40 минути, а за 60 минути до 100 проценти.
Погонската единица HD Revelation е способна моментално да ги развие потребниот обртен момент. Моторот забрзува 0-100 km/h за три секунди, а од 100 до 129 km/h за 1,9 секунди.
LiveWire има функција за регенеративно кочење кое ја полни батеријата со висок напон. Тоа е посебно корисно во сообраќајните метежи и честите сопирања.
Сопственикот на LiveWire нема да мора да го сервисира овој мотор како стандарден “Harley-Davidson”. Потребни се само повремени проверки на моторните ремени, промена на масло во менувачот, плочки за сопирачките и гумите, кои се стандарден потрошен материјал.
Батеријата за висок напон има гаранција од пет години без разлика на минатата километража.
LiveWire е опремен со бројни електронски системи за помош во возењето, како Defensive Rider Systems кои го подобруваат вртењето на моторот.
Над управувачот има 4,3 инчен ТФТ екран во боја чувствителен на допир, кој ги покажува сите потребни информации потребни на возачот.
LiveWire е прв електричен моторцикл на престижната компанија, дизајниран да ја зацврсти позицијата на Harley-Davidson на пазарот.
Електричниот “Harley” ќе се најде во продажба оваа година во САД, Канада и неколку земји од Европа, а во наредните две и во остатокот од светот.
Почетната цена на “Harley-Davidson LiveWire” ќе биде 29.799 долари.
Инфо: Точка





