Јапонскиот прволигаш Висел Кобе во чиј тим настапува легендарниот играч од средниот ред и шпански репрезентативец, Андреас Иниеста, ангажира нов фудбалер од редовите на каталонците и одбраната ја засили со белгискиот репрезентативен стопер, Томас Вермален. Кобе создава мала филијала на Барселона и освен овие двајца фудбалери во овој тим ангажирани се уште Вилја и Сампер.



