Зинедин Зидан со големи проблеми пред почетокот на оваа сезона.
Тој речиси на секој натпревар од подготовките останува помалку еден играч.
Претходно се повреди Марко Асенсио, скинати лигаменти на коленото, потоа на тренинг се повреди Ферланд Менди кој ќе биде најмалку еден месец надвор од теренот.
Синоќа на дебаклот од Атлетико Мадрид, Зидан остана со минус два клучни играчи кои сеуште не се знае колку време ќе мора да паузираат од теренот.
Лука Јовиќ го повреди глуждот и него му предстојат најмалку два месеци надвор од теренот додека Лука Модриќ го повреди коленото и не се знае сеуште колкава ќе биде неговата рехабилитација.



