Вчера, во Лондон, непознати напаѓачи со ножеви се обиделе да ограбат двајца фудбалери на Арсенал. Станува збор за Месут Озил и Сеад Колашинац. Фудбалерите биле во возилото на Озил кога напаѓачите им дошле во пресрет.
Колашинац излегол од возилото и веднаш стапил во акција заплашувајќи ги.
Напаѓачите побегнале, а случајот бил пријавен во полиција. Од Арсенал соопштија дека и двајцата фудбалери немаат никакви повреди. (ЛИНК)



