Откако седна на клупата на Њукасл, Стив Брус го направи својот прв трансфер во новата средина. Од буџетот издвои рекордни 44 милиони евра за Жоелинтон кој потпиша договор за 6 години.
Екс напаѓачот на Хофенхајм, претходната сезона одигра 35 натпревари и постигна 11 голови за германскиот тим. Претходно помина две сезони на позајмица во Рапид Виена кадешто привлече големо внимание со своите исклучително добри настапи. 22-годишниот Бразилец во Њукасл ќе го носи дресот со број 9 – бројот што своевремено го носеше и Алан Ширер, идолот на навивачите на црно-белите.



