Фудбалерите на Шкендија загубија во Скопје во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на Европа со 1-2 од Дуденланж тим кој доаѓа од Луксембург. Шкендија дојде до предност во 7-та минута со погодокот на Агим Ибраими од пенал. После големата грешка на голманот Реџепи во 64-та минута гостите израмнија преку Бетаиб. Во 68-та минута Реџепи го собори играчот од гостите во казнетиот простор, а прецизен од пенал беше Синани за победа на гостите од Луксембург.



