Синот на Лилиан Турам, Маркус Турам, вчера официјално стана член на Борусија Менхенгладбах. Германците му платија 12 милиони евра на Генгам за целосно да го откупат својот нов напаѓач. Маркус потпиша четиригодишен договор со Борусија и ќе го носи дресот со број 10 – бројот што беше во сопственост на Торган Азар пред да замине во Борусија Дортмунд.
Младиот Французин ја почна сениорската кариера во Сошо кадешто за 37 натпревари постигна еден гол. Во 2017 се пресели во Генгам. Таму одигра 64 натпревари и ја затресе мрежата 12 пати.



