Двојните шампионки на Македонија тимот на ЖФК Драгон од Скопје ги претстави новите засилувања во клубот пред настапот во квалификациите за Лига на шампиони кои ќе се играат во Сараево,Бих. Пет нови имиња кои ќе го подигнат нивото на квалитет и конкурентност, а се работи за Пале Николовска, Марија Белистојаноска, Стефани Петреска, Елена Панеска и Драгана Гегова.



