Вчера македонскиот атлетичар Јован Стојоски член на АК Охрид успеа да влезе во финалето на Европско првенство под 23 години во трката на 400 метри. Тој истрча трка со резултат 47 секунди и 02 стотинки во првата полуфинална група и се пласираше на третото место, со што се пласира во големото финале. Финалната трка на 400 метри е на програмата денес со почеток во 18.30 часот.



