Популарното крос-бордер дерби е фудбалски натпревар кој го играат екипите на Рексам и Честер ФК (Честер Сити до 2010). Градовите се одалечени 12 милји (20 км), но Рексам се наоѓа во Велс, а Честер во Англија. Сепак стадионот на Честер (Дева Стадиум) ја пречекорува границата и целосно (освен источната трибина и главниот влез) се наоѓа во Велс.
Натпреварите помеѓу овие 2 тима најчесто се играат во неделниот термин од 12 часот намалувајќи ја веројатноста за алкохолизирање и судар помеѓу навивачите. Во 2013, Честер ФК избори промоција во петтата лига по тригодишно отсуство и во истата таа година го одигра првото дерби откако стана клуб основан од навивачите. Дербито се играше на Рејскорс Граунд во Рексам, но и покрај слабата форма, Честер успеа да победи со 0-2 остварувајќи ја својата прва победа во таа сезона и задоволувајќи ја многубројната гостинска публика.
До сега овие 2 тима имаат одиграно 156 натпревари од кои 70 победи има Рексам, 52 има Честер (Сити и ФК), а нерешено завршиле 34. Гол разликата е на страната на велшкиот тим 241-206.



