Најмалата фудбалска лига во светот е првата фудбалска (и единствена) лига на архипелагот од островите Сили. Островите се наоѓаат југозападно од англискиот регион Корнвал. Лигата брои само два тима и е дел од англиската фудбалска асоцијација.
Почетоците на лигата датираат уште од дваесеттите години на минатиот век кога за прв пат било организирано натпреварување помеѓу екипи од пет острови од овој архипелаг. Триесетина години подоцна во лигата останале само две екипи – Ренџерс и Роверс кои во 1984 година ги промениле своите називи во Герисон Ганерс и Вулпак Вандерерс кои се сеуште актуелни.
Форматот на лигата се состои од 17 лигашки дуели помеѓу двете екипи во периодот од ноември до март. Лигата има и два купа – Холсејлерс Куп и Фордек Куп кои се играат на два натпревари. Сите натпревари се играат на Герисон Фудбал Филд кој се наоѓа на островот Сент Мерис. Островите Сили имаат голем проблем со задржување на младината па токму поради тоа просечната возраст на играчите на двете екипи изнесува од 35 до 40 години.
Aвтор: Eпов Насе



