Данска владее и во женскиот и во машкиот ракомет на песок. На ЕП кое заврши во Старе Јаблонки, Полска селекциите на Данска стигнаа убедливо до првото место во двете категории. Најпрвин дамите славеа во финалето против Унгарија со 2:0 во сетови (18:12, 23:22).
Потоа до златото стигнаа и нивните машки колеги кои во финалето беа подобри исто така убедливо со 2:0 во сетови против Норвешка (25:18, 19:16).



